Поранешниот ја оставил бидејќи му била ‘предебела’: Таа потоа ослабе 30 килограми и сега заработува од голотија!

26 јануари, 2021
Capture-13-e1611584669441

Денес таа е во врска со нов партнер. Таа изгуби повеќе од 30 килограми, а новиот изглед и ја донесе славата на Интернет.

Миријам Бланко од Тексас денес живее удобен живот, а приходите и ги носи работата на секси манекенка. Не би било изненадување ако оваа мајка на четири деца претходно немаше големи проблеми со самодовербата. Имено, нејзиното поранешно момче постојано ја навредувало и омаловажувало затоа што имала вишок килограми.

„Станав дебела поради слатките. Бев повредена и од навредувањето на мојот дечко, но забележав дека и другите околу мене се грижат за мене. Ги видов како ме гледаат со сожалување затоа што имав толку многу килограми “, изјави Бланко. Во тоа време, вели таа, веќе била над стотката.

Таа ослабе повеќе од 30 килограми

„Воопшто не сакав да излегувам со момчето за да не ми каже дека сум дебела пред сите“, рече Миријам. Таа побара утеха во храната и тврди дека пресвртницата дошла кога се фотографирала со другите членови за време на семејната посета за Денот на благодарноста.

„Сите заедно се сликавме и кога се видов на сликите покрај сите, се згрозив. Сфатив дека навистина претерав и дека морам да направам нешто итно“, се присетува таа. Потоа се посветила на вежбање и поздрава диета, а денес е во врска со нов партнер. Таа изгуби повеќе од 30 килограми, а новиот изглед и ја донесе славата на Интернет.

Сега таа заработува пари од голотија

„Отпрвин бев премногу срамежлива за да одам во теретана, па вежбав дома. Сепак, само промената во исхраната одзеде најмногу килограми. Сега имам 77 килограми, но мускулите се многу потешки од маснотиите, така што јас сум всушност потенка, иако вагата не го кажува тоа “, објасни Бланко.

Младата мајка сега инспирира многумина на Инстаграм, а неодамна отвори и профил Only Fans, платформа за продажба на експлицитни фотографии. Токму овие еротски материјали и носат најголем профит.

Нема да откријам колку, но заработувам доволно за да ги платам сметките и многу повеќе од тоа“, заклучи Миријам.