Пред неколку месеци стана татко по третпат: Прва фотографија од четиримесечната ќерка на шеф Никола од „Брза кујна“

14 октомври, 2021
nikola

Готвачот Никола Мишковски или познат како шеф Никола имаме прилика секој ден да го гледаме во кулинарското шоу  „Брза кујна“.

Никола заедно со неговиот колега шеф Марк подготвуваат разни специјалитети пред ТВ екраните и тоа за 20 минути.

Кога станува збор за неговиот приватен живот, готвачот е во брак со Стефанија Мишковска.

Никола и Стефанија на почетокот на месец јули станаа родители за вторпат, односно Никола стана татко по третпат.

Парот пред неколку месеци ја добија својата втора ќерка, а тогаш радосниот татко се огласи на социјалните мрежи:

„„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи животот толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“, напиша тој покрај објавата во која откри дека пристигнало девојче.

Готвачот ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од приватниот живот.

Меѓутоа, овој пат неговата сопруга Стефанија ја објави првата фотографија од нивната четиримесечна ќерка. На објавата малото бебе позира до нејзината поголема сестричка Дарија која неодамна наполни две години.

„Најсреќна сум кога сум веднаш до тебе“, напиша сопругата на готвачот покрај фотографијата со двете наследнички.

Инаку, Никола од првиот го има синот Дарин.

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris