Предупредување од доктор: Дали сè уште не сте се откажале од пушењето во ерата на ковид-19?

4 јануари, 2021
цигари

Не е новост дека тутунот е штетен за здравјето. Кампањите за јавно здравје детално не информираа, објаснувајќи дека без оглед на тоа како се консумира, тутунот не содржи никакви безбедни супстанции, пишува IndianExpress.

Овие супстанции не само што влијаат на белите дробови, туку имаат лошо влијание врз целото тело и придонесуваат за намалување на бројот на години што ќе ги живеете – вели д-р Сибашиш Деј.

Некои долгорочни последици од пушењето се развиваат со текот на годините, а некои физички ефекти се развиваат за многу кратко време. Овие вклучуваат вознемиреност и раздразливост, вкочането чувство за мирис, губење на апетит и други ефекти.

24sata

Американското здружение на белите дробови наведува дека чадот од цигарите ослободува повеќе од 7.000 хемиски соединенија, од кои многу се токсични, а повеќе од 70 се канцерогени. Пушењето ги уништува алвеолите на белите дробови и го отежнува дишењето, што доведува до респираторни заболувања како што е ХОББ, или хронично опструктивно белодробно заболување – вели др. Деј

За астматичарите, дури и пасивното пушење е можна причина за влошување на состојбата. Доказите покажуваат дека пушењето е водечка причина за ХОББ и предизвикува повеќе од 10 милиони смртни случаи на глобално ниво како резултат на потрошувачката.
Доказите покажуваат дека пушењето е водечка причина за ХОББ и предизвикува повеќе од 10 милиони смртни случаи на глобално ниво како резултат на потрошувачката.

Female doctor examining about lungs with x-ray film - sick conce

Иако за ХОББ не се зборува толку често, се проценува дека е причина за една третина од смртните случаи во светот, според извештајот на ГОЛД (Глобална иницијатива за хронична опструктивна болест на белите дробови), меѓународно тело посветено на борбата против болеста.

escort - Korsan taksi