ПРЕПЛАШЕНИ ТУРИСТИ ГЛЕДНААТ ВО ОКЕАНОТ: Огромна ајкула пливала околу нивниот брод, мислеле дека е МЕГАЛОДОН! (ВИДЕО)

popara28 мај, 20211min0
ajkula

Подоцна беше откриено за каква риба станува збор

Со широко отворени очи и отворена уста, туристите на брод во Атлантскиот океан гледаа во огромната ајкула што кружеше околу нивниот брод.

Видеото објавено на Тик-Ток од Алекс Албрехт покажува огромна ајкула долга шест метри како кружи околу брод полн со туристи и е прегледано повеќе од 40 милиони пати.

Додека во бројни коментари ја споредиле ајкулата со мегалодон, праисториска ајкула и најголема што некогаш постоела, други објаснија дека станува збор за вид џиновска ајкула (Cetorhinus maximus). Таа е втора по големина од сите ајкули кои денес живеат во океаните, и како кит, ајкулите се хранат со планктони.

Видот е загрозен и најчесто се држи настрана од бродови и луѓе, па ваквиот вид средба е уште попосебен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma