Ќерката на принцот Ендру од Јорк и Сара Фергусон, принцезата Беатрис, минатото лето тајно се омажи за италијанскиот бизнисмен Едоардо Мапели Мочи, а сега го добија и првото заедничко дете.
Според веб -страницата на британското кралско семејство, парот е пресреќен што може да ја сподели веста за безбедно раѓање на нивната ќерка на 18 септември во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон.
„Бебето е тешко 2,78 килограми. Бабите, дедовците и прабабите и прадедовците беа информирани и пресреќни од оваа вест. Семејството би сакало да им се заблагодари на болничкиот персонал за нивната прекрасна грижа“ – беше истакнато во официјалното соопштение.
Инаку, нивната ќерка нема да биде британска принцеза. Бидејќи сопругот на Беатрис не е Британец, неговото дете нема да ја добие титулата принцеза од кралицата Елизабета, но тој ја стекнува титулата при раѓање: Едоардо Мапели Мочи е италијански гроф, така што нивната ќерка ќе бидат nobile donna.
Како што додава кралското семејство, принцезата од Јорк и нејзината ќерка се чувствуваат одлично, а двојката со нетрпение очекува да ја запознае со нејзиниот постар брат Кристофер Вуф наскоро. Инаку, тоа е син на Едоард од неговиот прв брак, а Беатрис е првата маќеа меѓу британските принцези.