ПРИСТИГНУВА НАЈМОЌНИОТ АСТРО ПЕРИОД ВО 2021 ГОДИНА: Време е за радикални животни промени!

25 октомври, 2021
209951_shutterstock-1226556316_ls

Искористете ја шансата паметно…

На секои 30 дена, Сонцето посетува нов хороскопски знак. Во текот на таа „сезона“ ќе ја почувствувате енергијата на доминантната планета. На 30 октомври на ред доаѓа сезоната на Скорпија која ќе трае до 21 ноември.

Скорпијата е вториот од трите водни знаци на зодијакот и е најдоминантен од сите. Родените во овој знак по правило се вредни, стабилни и не се плашат да заземат цврст став, дури и кога тоа е на нивна штета.

Периодот пред нас ќе биде полн со можности за напредок и решавање на важни животни прашања. Еве како сто ова ќе влијае на нашите животи.

Време е да започнете да реализирате сẻ што сте сонувале во бизнисот долго време. Ни претстои убав период, полн со можности за напредок и наше е добро да ги искористиме тие можности.

Советите на астролозите се да не избрзувате со донесување одлуки и прво да размислите за сẻ добро. Исто така, би било мудро да не зборувате многу за плановите со други луѓе. Колку помалку луѓе во околината знаат за нашите планови, толку е поголема шансата да ги реализираме.

На љубовното поле ќе цветаат рози

Љубовните вештини на Скорпијата се познати, а овој период е вистинското време да ја ослободите вашата дива страна.

Не плашете се да признаете дека имате емоции кон одредена личност. Не сте ни свесни колку едно мало признание може да ви го промени животот на подобро.

Слободните ќе запознаат интересни луѓе кои ќе ги освојат, додека оние во врска ќе ја разбудат страста и ќе уживаат во мирен и хармоничен период.

Здравјето е на високо ниво

Овој период ќе биде поволен за сите нас, на сите полиња. Здравјето ќе биде подобро од вообичаеното, ќе се чувствуваме посилни, помотивирани и подобро расположени. Марс во Скорпија ја поттикнува креативноста и доброто расположение, па во сẻ ќе гледаме само убави работи.

Добро би било овој месец да почнете да се занимавате со спорт или да го промените начинот на исхрана.

Ако имате некои нерешени односи, сега е време да ги решите. Позитивната енергија која ќе кружи околу нас ни дава можност да ги измазниме сите нарушени врски и да почнеме од почеток, поопуштено и без проблеми.

Периодот што претстои е повеќе од поволен ако знаете како да ја искористите шансата што ви е дадена. Донесувајте мудри одлуки, советуваат астролозите.

escort - Korsan taksi