СЕ ЗАЛЕДИВ КОГА ГО ВИДОВ НЕГОВИОТ ИЗРАЗ НА ЛИЦЕТО: Ештон Качер шокиран од начинот на воспитување на Мила, еве што ја научила ќерка си!

25 октомври, 2021
1842047_profimedia0377771541_ls

Актерката Мила Кунис откри дека ја научила својата постара ќерка Вајат да „враќа двојно“ кога некој тоа го заслужува. Сепак, се чини дека Ештон Качер не се согласува со нејзиниот начин на воспитување.

Имено, кога слушнала дека нркое дете ја турнало нејзината ќерка Вајат на училиште, Мила Кунис решила да ја научила да „враќа двојно“, да се залага за себе и да биде силна.Сепак, била доста нервозна кога сфатила дека нејзиниот сопруг Ештон Качер, не се согласува со тој систем.

Актерката ја отвори душата за „ Mom Confessions “, шоуто на Елен Деџенерис, но нагласи дека не жали за тоа што го направила, иако е свесна дека нејзиниот сопруг бил прилично повреден од овој потег.

– Значи, еве една приказна поради која ќе знам дека ќе бидам на тапет. Едно дете еднаш ја турна ќерка ми на училиште, а кога дознав за тоа, веднаш ја прашав дали ми возвраќа со иста мерка. Таа рече не, па јас ѝ ги кажав овие зборови: „Врати им следниот пат. Турни ја и кажи ѝ: „Не, благодарам!“ И сврти се и замини си – почна во познат стил, а потоа откри што ја чекало.

– Кога го видов изразот на Ештон … се замрзнав. Тој само рече: „Не!“ Но, не се покајав. Знам дека ова е голема грешка… – признала таа.

– Немој да туркаш некого да падне и да се повреди, од лулашката или лизгалката, само малку на земја – рекла актерката сфаќајќи дека требало прво да се консултира со сопругот, за да се обиде да најде решение што тие и двајцата се согласуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=c6CvI-TbPRk

 

 

escort - Korsan taksi