Витаминот Б-12 е есенцијален нутриент кој е корисен за создавање на крвните зрнца, ДНK и нервите.
Доколку ги имате овие знаци кои укажуваат на недостаток на овој витамин, треба да преземете мерки за да ги спречите негативните ефекти врз вашето здравје:
Замор
Дали се чувствувате изморени? Витаминот Б1-2 е важен за аеробната енергија во телото. Поради недостаток на овој витамин, нашето тело не добива доволно кислород и енергија. Исто така, зашеметеноста може да биде знак дека ви недостасува витаминот Б-12.
Чувство на боцкање во рацете
Губењето на осетот на рацете придружено со чувство на боцкање со игли може да биде знак дека ви недостасува витаминот Б-12.
Болки во зглобовите
Силните болки во зглобовите кои не се резултат на повреди или хронични воспаленија, како што е артритисот, може да биде знак за аларм. Исто така, кај пациентите со недостаток на витамин Б-12 се забележуваат бавни рефлекси.
Забрзано чукање на срцето или дишење
Краткиот здив и забрзаното чукање на срцето се поврзуваат со недостаток на витамин Б-12.
Слабост
Проблемите со рамнотежата и занесувањето може да бидат индикатор за недостаток на овој витамин.
Пожолтеност
Пожолтеноста на кожата или белките на очите може да е уште еден индикатор на недостаток на витамнот Б-12, но и на сериозни тешки здравствени проблеми.
На некои пациенти со недостаток на витамин Б-12 им отекнува јазикот. Други знаци во устата може да се и мазен јазик и намалено чувство за вкус.
Каде да го најдете?
Збогатеното млеко од соја или млекото од јаткасти плодови е природен извор на витамин Б12. Природната храна обично содржи мал процент на витамин Б-12. Тука се вклучуваат печурките и ферментирана храна, како што се некои видови на алги, квасецот за јадење, јајцата, млекото и јогуртот
Од сите Б витамини, овој витамин му е потребен на организмот во многу мали количини. Иако на возрасните им се потребни само 2,4 мг на ден, овој витамин е особено важен за многу функции на телото. Големиот недостаток на витаминот Б-12 може да доведе до сериозни здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, анемија, мозочен удар, губење на меморијата, параноја, депресија и други сериозни проблеми.