Реципроцитет или дисбаланс во односите со Москва?

popara13 октомври, 20211min0
1

Неодамнешното протерување на дипломат од Македонската Амбасада во Москва, за која патем треба да се потенцира дека брои само двајца службеници, всушност значи преполовување на дипломатскиот персонал во нашата амбасада во Русија. Ваквиот чин упатува на фактот дека дискреционото право за прогласување на персона нон грата политички се злоупотребува и може да се заклучи дека не постојат реални основи за превземање на таа мерка.

Ваквата одлука на руското МНР доаѓа откако во август оваа година, македонското МНР донесе одлука да прогласи дипломат на руската мисија во Р.С. Македонија за персона нон грата. На рускиот амбасадор во земјава му биле доставени евидентирани докази за дејствување на избрканиот дипломат кое било во спротивност на Виенската Конвенција за дипломатски односи.

Таквото асиметрично постапување на Руското МНР всушност е одраз  на севкупната надворешна политика на Руската Федерација, каде што се постапува од позиција на сила на штета на градењето на нашите билатерални односи, кои треба да почиваат на еднаквост, меѓусебна доверба и взаемно почитување.

Притоа, дали можеби  Владата на Р.С. Македонија треба да возврати со иста таква мерка,  да пола од дипломатската мисија на Русија во Р.С. Македонија или околу 15-тина дипломати бидат протерани?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag