Редок и необичен симптом на Ковид целосно ги збунува научниците: На никому не му е јасно зошто се појавува ова

6 јануари, 2021
girl-56516221920-830x0

Двајца мажи кои го имале овој симптом дури станале предмет на две одделни студии

Новиот вид коронавирус кој се шири низ Велика Британија е полесен за пренесување, особено кај децата поради начинот на кој продира во клетките.

Дали симптомите на новиот вид се разликуваат од „оригиналниот“SARS-CoV-2?

Професорот Крис Вити рече дека симптомите на новиот вид не се разликуваат премногу од вирусот што предизвика пандемија, и дека високата температура, континуираната кашлица или губење или промената на сетилото за мирис и вкус се сè уште главните симптоми.

Сепак, неколку студии исто така покажаа дека постојаното икање може да биде потенцијално ретка и нетипична манифестација на ковид 19  без разлика дали станува збор за мутантен вид или „оригинал“.

Научниците беа особено заинтересирани за случајот од 2020 година, кога 64-годишник имаше постојано икање како единствен симптом на ковид-19, што беше дури и предмет на истражување.

Имено, икањето не запрело 72 часа, по што тој се јавил на лекар.

Беа направени крвни тестови и снимање на белите дробови, кои покажаа воспаление и низок број на бели крвни зрнца.

Друга студија исто така зборува за 62-годишен маж кој икаше четири дена пред да повика лекар.

По приемот, понатамошните прегледи покажаа слични откритија – пневмонија и низок број на бели крвни клетки. Тој исто така беше позитивен на ковид.

Кога икањето треба да се смета за сериозно?

Икањето треба да трае само неколку минути. Иако честопати не постои очигледна причина зошто некое лице ика, британската национална служба за јавно здравје верува дека икањето е предизвикано од стрес, силни емоции како возбуда, но и храна и пијалоци.

– Вашиот матичен лекар ќе сака да знае дали икањето е предизвикано од одредена здравствена состојба или лекот што го земате. Ако не постои очигледна причина, можат да препишат хлорпромазин, но понекогаш и тоа не помага – истакнува проф. Д-р Вити.

Сè уште не е познато како ковид-19 може да предизвика икање и покрај фактот што во овие два случаи тоа беше единствениот симптом што го имаа пациентите.

escort - Korsan taksi