Хилари Даф: „Тестот за Корона вирусот ми го отече окото, изгледаше чудно и ме болеше“

6 јануари, 2021
hilari-daf-830x0

И покрај тврдењата на Хилари, Центрите за превенција и контрола на болести никогаш не наведоа инфекција на окото како резултат на коронавирусот и тестирањето

Актерката и пејачка Хилари Даф (33) објави серија фотографии и покажа како нејзиното семејство ги слави празниците, сепак сите ги забележаа очите на Хилари кои изгледаа поинаку.

Хилари инаку е бремена и сподели фотографија на Instagram каде окото ѝ е отечено, нагласи дека ја забележала промената и дека боли.

Потоа отишла во болница за да ја открие причината за инфекцијата, а како што напишала, тоа ѝ се случило поради бројните тестови за корона вирусот.

– Одеднаш, моето око почна да изгледа чудно и да ме боли – напиша таа и ги обележа очите со стрелка, што навистина изгледаше поразлично и невообичаено.

– Се покажа дека тоа се случило поради бројните тестови за корона вирусот на кои бев подложена на работа, затоа што знаете 2020 година и така натаму. Окото ми е добро сега. Ми дадоа антибиотик и помина – напишала актерката откако била во болница.

Странските медиуми јавуваат дека, и покрај тврдењата на Хилари, Центарот за превенција и контрола на болести никогаш не цитирал инфекција на окото како резултат на коровавирусот и тестирање и ги замолувал луѓето да продолжат со тестирање за да се заштитат себе си и другите.

escort - Korsan taksi