Рита Ора во змиско бикини, а помалку „опасно“ не е ни нејзиното тело

popara11 април, 20211min0
rita-ora-1-830x0

„Ти си вистинска змија“, „Каква згодница“, „Брутално тело“, „Рита убиец“, „Леле, колку ти е рамен стомакот“, беа некои од коментарите на обожавателите на Рита Ора

Британската пејачка со потекло од Албанија, Рита Ора (30) објави нова фотографија на социјалните мрежи каде го покажа своето „змиско тело“, па го „запали интернетот“.

Имено, познатата пејачка позираше во бикини со принт на змија, а по тој повод го истакна совршено рамниот стомак, тесниот струк и подигнатите гради.

Носеше очила за сонце со жолто стакло, блага шминка, а имаше и дискретен накит.

„Ти си вистинска змија“, „Каква згодница“, „Брутално тело“, „Рита убиец“, „Леле, колку ти е рамен стомакот“, беа некои од коментарите на обожавателите на Рита Ора

Ора моментално е во Австралија каде работи на нови музички проекти, а се чини дека ситуацијата малку се смири по двата скандали во врска со неа.

Да се потсетиме, Рита организираше роденденска забава во ресторан во Лондон среде пандемијата на вирусот, а на сопственикот на ресторанот, наводно, му понудила 5.000 фунти со цел да ги прекрши заштитните мерки што беа пропишани. На забавата имаше околу 30 гости, меѓу кои беше и манекенката Кара Делавињ.

Пејачката прво отпатувала за Египет, каде што имала настап во хотел со пет sвезди, а по враќањето во Велика Британија, наместо да биде изолирана, организирала тајна роденденска забава, па соседите повикале полиција.

Но, и покрај сите скандали, многумина велат дека оваа пејачка е неоспорен талент и и посакаа да не се меша во политички прашања, како и да биде совесна и одговорна за време на пандемијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma