Сакате полни и нежни усни? Со овие ДВЕ СОСТОЈКИ можете да го постигнете посакуваниот ефект!

20 јануари, 2021
уста

Сигурно сте налетале на убава фотографија, на Инстаграм, барем неколку пати, со полни и мазни усни за кои можете само да сонувате.

Што ако не мора само да сонувате за такви усни?

Имено, тајната на здрави и мазни усни лежи во редовната нега која вклучува пилинг. Проблемот е што голем број компании наплаќаат толку многу за нивниот пилинг за усни, што повеќе би сакале да живееме со „просечни“ усни и да се восхитуваме на туѓите.

За среќа, рецептот за ваш личен пилинг е толку едноставен што нема никогаш да посакате да купите некој скап производ.

ruž

Направете сами мешавина за пилинг се состои од една лажичка мед и две лажички шеќер. Да, тоа е толку едноставно!

Што прави пилингот воопшто?

Потребен е редовен пилинг за да се ослободите од мртвата кожа на усните и да ги направите мазни. Покрај тоа, квалитетниот пилинг ја подобрува циркулацијата, што ќе направи вашите усни да изгледаат неки и полни, а карминот ќе трае подолго.

usne

Колку често треба да правите пилинг?

Пилингот треба да се прави внимателно и не премногу често (еднаш неделно). Нанесете ја смесата на усните и лесно тријте со прстите или четка за заби. Извадете со обична вода и задолжително ставете лосион за усни или масло на усните.