СЕ Е ИЗМИСЛЕНО: Пејачката која нема среќа во љубовта и еден од најпосакуваните момци сепак не се во врска?

popara15 октомври, 20215min0
Selena-Gomez

Љубовната романса на Селена Гомез и Крис Еванс ја измислиле нивните обожаватели.

По бројните гласини на Твитер дека Селена Гомез и Крис Еванс се во љубовна врска и дека се видени во ист автомобил и студио, се појавија и наводни фотографии што го докажуваат тоа.

Selena Gomez

Сепак, фановите открија дека фотографиите што се појавиле се стари неколку години. Фотографијата на Селена е всушност од 2017 година, а на Еванс од 2013 година.

Се зборуваше и дека го напуштиле истото студио, но обожавателите на Твитер докажаа дека дури и тие шпекулации не се вистинити. Фотографиите наведени како докази се направени во различно време. „Заљубена сум во Крис Еванс. Зарем не е сладок? Многу е убав“, рече Селена во шоуто на Енди Коен во октомври 2015 година, но изгледа не мислела сериозно.

Инаку, Селена ја следат околу 200 илјади луѓе на Инстаграм. Единаесет години постариот Крис ја следи Селена, но тоа не е изненадувачки со оглед на тоа што Селена е една од најследените луѓе на Инстаграм. За жал, за многу обожаватели на Крис и Селена, засега нема вистински доказ дека тие двајца се во љубовна врска.

Да се потсетиме, Еванс зад себе има врски со актерките Лили Колинс, Сандра Булок, Кристина Ричи и Џесика Бил. Селена е позната по долгогодишната турбулентна врска со нејзината прва љубов, пејачот Џастин Бибер, во која наводно била емоционално злоставувана, но и по кратката авантура со нејзиниот колега „The Weekend“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag