Загрижена!
Познатата Бијонсе денеска наполни 40 години, а пред јубилејот го сумираше својот животен пат, и како од девојка од Хјустон преминала во дива која има огромно светско влијание, успешен претприемач, сопруга и добра мајка на три деца. Бијонсе неодамна го дознала потеклото на своето семејство, а во оваа прилика открила сѐ за таа романтична приказна.
-Неодамна го истражував моето потекло и дознав дека сум потомок на робовладетел кој се заљубил во една од неговите заробенички и се оженил со неа. Ми требаше време да го сварам тоа сознание – рече шокираната пејачка, и додаде:
-Се прашував што значи сето тоа и се обидов да ги ставам работите во некоја перспектива. Сега верувам дека затоа Бог ме благослови со близнаците што ги родив. Тоа беше прв пат машката и женската енергија да можат да коегзистираат во мене и да растат во мене. Се молам да успеам да го уништам проклетството што го следеше моето семејство со генерации и дека моите деца ќе имаат полесен живот.