Зголемената телесна температура, сувата кашлица и проблемите со дишењето се најчестите симптоми на коронавирусот, но заразата предизвикува и други симптоми кои се манифестираат на кожата.
Имено, една жена од Велика Британија пријавила дека кожата на рацете почнала да ѝ се лупи откако се заразила со ковид-19, а веднаш потоа истиот симптом го пријавиле и повеќе луѓе кои рекле дека се соочуваат со истиот проблем, но дека не ни помислиле дека лупењето на кожата е последица на короната.
Главниот британски епидемиолог Тим Спектор за „Вајс“ рекол дека станува збор за необични симптоми и дека се работи за нешто слично како и „ковид-прстите“.
– Ковид-прстите најчесто се јавува на ножните прсти, но може да се јави и на прстите на рацете. Изгледаат како смрзнатини, а може да дојде и до лупење на кожата – вели д-р Спектор.
Освен тоа, 23-годишната Дајана Пардо на апликацијата каде што луѓето ги пријавуваат симптомите на ковид-19 пријавила дека кожата ѝ станала збрчкана неколку дена пред да ѝ биде потврдена инфекцијата од коронавирусот.
– За само неколку минути туширање, кожата на дланките ми стануваше ужасно збрчкана – рекла Пардо.
Друга жена, пак, пријавила дека инфекцијата почнала со симптоми слични на грипот, но потоа кожата почнала ужасно да ја чеша, особено на лицето.
31-годишната Ребека Лефевр морала да повика Брза помош откако поради короната ѝ се појавил осип на целото тело, а ѝ отекле и усните.
Меѓутоа, додека луѓето ги пријавуваат сите необични симптоми на коронавирусот, една нова студија покажала дека „ковид-прстите“ можеби не се симптом на инфекцијата, туку нуспојава која се појавува како реакција на имунолошкиот систем по заразувањето со коронавирусот.