МАДОНА (63) е на сцената повеќе од 40 години и со својот живот, изборот на љубовни партенри, но и нејзиниот изглед, таа секогаш ја шокира јавноста и ги поместува границите.
Деновиве светската јавност ја коментира нејзината трансформација и врска со 36 години помлад маж.
Кога станува збор за изгледот, се издвојува еден коментар: „Повеќе не е човечко битие. Изгледа како вонземјанин! “
А што е со мажите, т.е. што се однесува до момчето, луѓето овде се едногласни: „Што ќе ѝ е тоа дете?”
Во 2004 година, Мадона даде обемна изјава за списанието на Опра Винфри, во која, меѓу другото, рече:
– Секој од нас е одговорен за она што се случува во неговиот живот. Кога се случуваат добри работи – освојуваме награди, ја среќаваме љубовта на нашиот живот или се унапредуваме – ја преземаме одговорноста за тоа. Но, кога се случуваат лоши работи – добиваме отказ или се разведуваме – често ги обвинуваме другите. Сега разбирам дека можам да извлечам нешто позитивно од тие работи, но исто така и негативно – рече Мадона, а потоа објасни што значат нејзините минати врски.
– Што се однесува до моите минати врски, сега научив да го извлечам најдоброто од врската за себе. Го земам тој копнеж за нова љубов, таа потрага… Тоа е причината зошто сум ненаситна за знаење, потрага. Сакам да бидам исполнета со енергија од тие врски.