Штотуку го покажа момчето, а сега ја поврзуваат со 21- година помлада девојка

10 април, 2021
profimedia-0496711056

Првпат беше видена со новото момче во јануари

Кон крајот на јануари, Кортни Кардашијан, 41-годишничка од славното семејство Кардашијан-Џенер, објави дека излегува со 45-годишниот американски музичар Тревис Баркер. Долгогодишното пријателство се претвори во романса, изјави неименуван извор за ЕТ во тоа време. „Кортни и Тревис имаа платонска љубов со години, тие се семејни пријатели многу долго време, но неодамна пламна искра помеѓу нив и премина во врска“, рече тој. Сега, само два месеци подоцна, американските таблоиди пишуваат за наводната лезбејска афера на Кортни.

MediaTakeOut ја објави наводната романса помеѓу Кортни и 21-годишната sвезда на TикToк, Адисон Реј. Како што истакнува споменатата медиумска куќа, гласините ги започна најстариот син на ријалити sвездата Мејсон. Во најавата за претстојната епизода на KUWTK, Ким и Клои Кардашијан се љубопитни за пријателството на Кортни со тогашната 19-годишничка, особено со оглед на фактот дека Кортни има 41 година. Ким го испраша 11-годишниот Мејсон за преспивањето на неговата мајка и Адисон. На прашањето каде спиела ТикТок ѕвездата кога дошла, Мејсон одговори дека ја поминала ноќта во собата на Кортни. И покрај инсинуациите, апсолутно ништо не е познато за нивната наводна романса, поточно, се верува дека станува збор само за пријателство.

Со сето тоа, Кортни штотуку започна врска со рокерот. Да се потсетиме, Баркер е татко на 17-годишниот син Лендон и 15-годишната Алабама што ги доби со поранешната сопруга Шана Моаклер, додека Кортни Кардашијан има деца со Скот Дисик. Таа е мајка на 11-годишниот син Мејсон, осумгодишната Пенелопи и шестгодишниот Рајн.

Иако двајцата ја прекинаа деветгодишната врска пред шест години, се уште ги воспитуваат децата заедно, па нивните обожаватели на социјалните мрежи повикуваат на нивно помирување, особено кога еден од двајцата ќе напише коментар под фотографија на другиот. Така, минатиот месец Дисик, под семејна фотографија објавена од 41-годишната Кардашијан, напиша ‘Благодарам Кортни Кардашијан што ги направи најубавите деца во градот. Не можев да најдам подобра личност во светот да има толку прекрасни деца. Те сакам тебе и нашето семејство повеќе од сè на светот ‘. Но, очигледно, двојката нема да се смири, бидејќи Кортни има ново момче.

escort - Korsan taksi