ШУМА ВО КОЈА МОЖАТ ДА ВЛЕГУВААТ САМО ЖЕНИ И ТОА ГОЛИ! Ако некој маж се осмели да влезе, ќе биде КАЗНЕТ!

popara13 август, 20211min0
profimedia-0014688235

Натрапниците се соочуваат со казни до 69 американски долари, сума што тие најчесто ја плаќаат со полирани камења

Шумата стуткана во залив на островот Папуа во Индонезија со векови е свето место за локалното население кое доаѓа тука да ловат ракови и да споделуваат приказни.

– Кој си ти? Што правиш? Не ти е срам да влегуваш во женската шума? Се слуша женски глас од густата шума.

Мажите не смеат да влегуваат во шумата, а секој што ќе се осмели да се обиде да влезе, се казнува. Натрапниците се соочуваат со казни до 69 американски долари, сума што тие најчесто ја плаќаат со полирани камења.

– Оваа шума отсекогаш била само за жени. Тоа беше многу пред јас да се родам. Правилата тука секогаш биле исти. За да влезете во женската шума, мора да бидете голи. Не смеете да носите облека. Ако маж само и ѕирне, тој ќе биде казнет. Го носиме пред племенскиот суд – вели Адријана Мерауџи.

Сепак, мажите не претставуваат закана за шумата и традицијата со векови, туку а загадувањето на животната средина.

Ова свето место за жени неодамна беше загрозено. Шумската област е двојно помала отколку пред 50 години. Океанот е поразличен од порано.

– Нашиот океан беше прекрасен, чист како солза, но сега за жал е загаден поради ѓубрето во него. Отпадот од пазарот во градот завршува тука кога врне. Често се прашувам што се случи со нашиот океан? Женската шума е многу важно место за нас во заливот. Не можеме да живееме без шума. Ние постојано ќе доаѓаме секој ден и ќе бараме раковини. Тука жените си се доверуваат едни на други. Никогаш нема да се предадеме – додава Адријана.

Жените продаваат школки на блискиот пазар. Но, тие го имаат својот мир во шумата.

– Кога плимата е мала, сите сме заедно. Ги покануваме пријателките да дојдат во шумата со брод. Кога сме во шума, се чувствуваме слободни, нема мажи. Ние жените сме сами. Слободно споделете приказни со постарите. Нуркаме во морето, бараме раковини во калта – вели Ату Румбојруси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma