Сите ги правиме: Поради овие грешки, нашата коса не изгледа ЗДРАВО, ниту НЕГУВАНО

19 октомври, 2021
Devojka-pranje-kose-negovana-kosa

Можеби проблемот е во самото плакнење

Секоја жена сака здрава и негувана коса.

Сепак, често не добиваме такви резултати.

Иако веројатно мислите дека правите се што е потребно за ваков изглед на косата, верувајте ни, некаде грешите.

Обично тоа е во самата рутина за нега на косата.

Пречесто ја миете косата

Колку почесто вашата коса се мие, толку повеќе станува мрсна, така што ниту еден производ не може акутно да ви помогне. Единственото решение е постепено да ја одвикнувате косата од често миење. Оптималниот број за миење на косата е двапати неделно, а се повеќе од тоа не е добро на долг рок, ниту е здраво за косата.

Ја плакнете косата со топла вода

Многу жени посегнуваат по жежок туш по напорниот ден, а не знаат дека тоа всушност и штети на мрсната коса. Најдобро е да ја исплакнете косата со млака вода. Ова дополнително ќе ја заштити и во исто време ќе ја направи посјајна, а површинскиот слој помазен.

Масла за коса

Сите знаеме дека нанесувањето масло на косата е решение за многу проблеми, особено за суви и испукани краеви. Избегнувајте нанесување масло ако користите пегла или фен за коса, бидејќи тоа само дополнително ќе ја оштети. Исто така, потребно е извесно време да се апсорбира маслото. Немојте да ставите масло на вашата коса и веднаш да ја исплакнете, туку почекајте најмалку еден час.