Воздивна длабоко и изговори ЧУДНИ зборови: Тоше кобната ноќ разговарал со НЕА и го предвидел КРАЈОТ

19 октомври, 2021
tose

Колегите на Тоше од година во година со емотивини зборови ја одбележуваат неговата смрт и преку социјалните мрежи ја искажуваат нивната тага. Малкумина знаат дека Елена Ристеска била последната личност со која Тоше Проески разговарал по телефон пред да се упати на кобното патување.

Како што таа изјави во една прилика за медиумите, била сигурна дека Тоше чуствувал дека нешто лошо ќе се случи, бидејќи во крајот на нивниот разговор тој кажал зборови кои како да знаел дека е крај.

– Се сакавме меѓусебно. Секогаш разговаравме за се, дури ми се јавуваше и од Австралија. Исто така разговаравме таа кобна ноќ пред да оди за Хрватска, а јас уште тврдам дека како да чуствуваше дека ќе се случи нешто лошо. На крајот од разговорот ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но длабко воздивна и кажа: Ако Бог дозволи – раскажала Елена во една прилика и додала:

– Во тој момент не ми беше чудно, се до утрото кога се разбудив и дознав дека загинал. Кога мајка ми со неверување ми кажа дека се случила сообраќајната несреќа, знаев дека тоа е вистина – изјавила Елена.