„Сите патишта“-„ДНК“ со нова песна која буди спомени

popara28 септември, 20211min0
dnk

Сите патишта ме водат мене само во моето маало, сите спомени се таму, нè враќаат… каде пораснав јас таму… Сите спомени на едно место, сите слики што ги гледам многу често, сите фори…сите ноќи… ова е само дел дел од текстот од новата песна на ДНК со наслов „Сите патишта“.

И зад оваа тема стојат потписите на веќе проверениот двоец – Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е снимено во осум скопски општини и под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, а самата приказна го следи текстот кој, како што велат Панчо и Андреј, е создаден сосема спонтано и од срце.

„Сите патишта“ е чиста позитива и ги буди оние спомени од детството кои нè врзуваат за првите игри, другарства, љубовни спомени… Оние спомени од нашите маала кои секогаш ни измамуваат насмевки и ни будат убави емоции кога и да се вратиме онаму каде што ни минало детството.

„Песната е за сите оние кои во срцата си ги носат своите маала. Многу емотивна тема, иако создадена случајно и спонтано, од срце. Коментарите на повеќето се дека текстот допира, па искрено веруваме дека секој кој ќе ја чуе барем преку спомените ќе успееме да го вратиме во старото маало, велат Панчо и Андреј.Кадрите за видеото се снимани во Сарај, Ѓорче, Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Аеродром и Бутел и, секако, на Водно каде всушност и се заокружува целата приказна, токму онака како што Водно го заокружува нашето убаво Скопје.   

Преземено од nezavisen.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma