Ова не е првпат Брена да се однесува безобразно
Лепа Брена беше повикана како сведок на судењето за да се утврди татковството на синот на Мирјана Антоновиќ, Девин.
Пејачката Лепа Брена се појави денеска на судењето на Мирослав Илиќ и неговата љубовница Мирјана Антоновиќ. Брена беше повикана како клучен сведок во утврдувањето на татковството над синот на Мирјана, Девин.
Многу бледа, Брена изгледаше нервозно, а потоа, во нејзиниот препознатлив стил, ги нападнала новинарите на еден весник.
Ова не е првпат Брена да се однесува безобразно, наводно, неколку пати досега имала слични испади во јавноста, но и на настапи додека наводно ја навредувала и омаловажувала публиката.