Кристијано Роналдо ја започна оваа фудбалска сезона како член на Јувентус.
Дали ќе остане член на „Старата дама“ во Торино, останува да видиме, со оглед на бројните натписи за неговото заминување. Едно е сигурно, се додека носи црно -бел дрес, ќе живее во елитниот дел на Торино.
А тука е нивната прва сосетка, Елизабет Бети Борел, ќерка на Фелисе Борел, легендарниот италијански фудбалер од периодот помеѓу двете светски војни.
Во разговор за италијанските медиуми, таа откри како живее семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Роналдо (36) живее во вила со сопругата Џорџина Родригез (27) и четирите деца, а Бети вели дека тие се идеални соседи.
– Се плашев од заглушувачки гласни забави и дневна и ноќна врева, но Кристијано и неговото семејство се најдобрите соседи што некогаш би можела да ги посакам. Целосна тишина, без свечености и врева. Татко ми исто така беше познат фудбалер, но во други времиња. Возеше со Фиат, а јас го гледам Кристијано во Ролс Ројс секој ден. Едвај го гледам бидејќи има затемнето стакло. Гаражата е полна со спортски автомобили, вклучително и еден Лотус. Имаат прекрасен затворен базен и мала, прекрасно уредена и одржувана градина – изјави Бети Борел.
Бети тогаш зборуваше и за децата на Роналдо.
– Имав детство како и сите мои врсници, а децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледам Кристијано Јуниор (11) како вози скејтборд на заштитениот дел од улицата, но иако не можете туку така да влезете во тој дел од улицата бидејќи има рампа и обезбедување зад детето, секогаш има и телохранители. Истото е и за Џорџина кога, како и сите млади мајки, сака да прошета со своите деца на убавото време. И ако улицата е празна кај нив, секогаш има телохранител, т.е. обично повеќе од нив. Златен кафез? А да … Така нешто. Мислам, Кристијано Јуниор најчесто е на училиште или на тренинзи во Јувентус како татко му. Имам четири внуци на негова возраст, а други негови врсници се во соседството. Би можел да си игра со нив, но јас го гледам само тоа дете – рекла соседката на Роналдо, Елизабет Бети Борел.