Таман за викенд: Тортиљи со јајца и многу кашкавал на француски начин (РЕЦЕПТ)

17 јануари, 2021
61985032-tortilje

Кесадили со јајца се идеален појадок за викендот, а за да бидат што е можно вкусни, ќе ви послужи трикот на познат француски готвач…

Готвач на Мишелин, Французинот Никола Абело од ресторанот L’Appart во Њу Јорк црпи инспирација од класичните француски рецепти на кои им дава модерен талент. Едно од неговите омилени јадења што може да се сервира за појадок за време на викендите или некакво дружење со пријателите е француската кесадила – тортилја за љубителите на сирењето. Не се потребни повеќе од 20 минути за да се подготви.

Сè што ви треба е да подготвите јајца, млад кромид, путер, млеко или павлака за готвење, тортиља и доволно кашкавал што убаво ќе се стопи.

„Тајната на сласта е во јајцата. Прво стопете го путерот во тава, па додадете го исечканиот кромид. Пред да се затемни кромидот, истурете мешавина од јајца, сол и бибер со малку павлака или млеко и печете на силен оган, постојано мешајќи “, вели готвачот.

Ќе ви требаат максимум три минути за јајцата, а потоа пренесете ги во посебен сад. Во голема тава, загрејте ја тортиља и превртете ја. Потоа додадете голема количина рендан кашкавал и јајца и преклопете ја тортилја и продолжете да ја печете околу една минута до две страни на тивок оган. Послужете со омилениот сос или зеленчук како домати и пиперки.

Во тортилјата, освен јајца и кашкавал, можете да додадете и печено пилешко месо или шунка на коцки, пченка, грав или сецкани лути пиперки.