Тешка форма на ковид-19 може да го измами имунолошкиот систем и да го поттикне да произведе антитела кои имаат потенцијал да нападнат здраво ткиво и да предизвикаат воспалителни болести, предупредија научниците во трудот објавен во списанието „Nature Communications“.
Откриле автоантитела во примероци од крв од приближно 50 проценти од 147 хоспитализирани пациенти со „Ковид-19“ што ги проучувале, но кај помалку од 15 проценти од 41 здрав волонтер.
Од 48 пациенти со „Ковид-19“, истражувачите зедоа примероци од крв во текот на неколку дена, вклучително и денот на приемот во болница, што им овозможи да го следат развојот на автоантителата.
За една недела … околу 20 проценти од тие пациенти развиле нови антитела кон сопственото ткиво што не биле таму на денот кога биле примени, изјави водачот на студијата д -р Пол Уц од Универзитетот Стенфорд.
Тој ги повика луѓето да се вакцинираат.
Не можете однапред да знаете дали ќе имате блага форма на ковид-19, вели тој.
Ако сепак добиете тешка форма, може да завршите со проблеми до крајот на животот, бидејќи вирусот може да предизвика автоимуна реакција, рече тој.
Не проучувавме ниеден пациент доволно долго за да знаеме дали тие автоантитела се уште се присутни една или две години подоцна, додаде тој, но истакна дека е можен развој на автоимуни заболувања.