Тестирање на имунитетот: Оние кои прележале КОВИД – 19 повторни се изложуваат на корона вирусот

19 април, 2021
991-ratio-vaksina-koronavirus

Британските научници во понеделникот започнаа тестови во кои поранешни КОВИД пациенти намерно ќе бидат повторно изложени на вирусот за да го тестираат нивниот имунолошки одговор и да утврдат дали волонтерите ќе бидат повторно инфицирани.

Во февруари, Велика Британија стана првата земја во светот што даде зелено светло за спроведување на таканаречениот „Human Challenge“, во кој волонтери намерно се изложуваат на корона вирусот за да ги унапредат истражувањата за болеста.

„Human Challenge“ е име за контролирано испитување на инфекцијата кај луѓе и е вид клиничко испитување на вакцина или друг лек што вклучува намерно изложување на субјектот на болеста што се испитува.

Студијата, започната во понеделникот, а се разликува од онаа во февруари по тоа што има за цел да утврди дали луѓето кои преживеале КОВИД – 19 повторно ќе се инфицираат со вирусот за да го продлабочат знаењето за имунитетот.

Научниците веруваат дека е поефикасно да се изложат поранешните пациенти отколку намерно да се заразат луѓе кои немале КОВИД-19.

Податоците што ќе ги добиеме од ова истражување ќе ни овозможат да развиеме подобра вакцина и поефикасни начини за лекување на болеста. Во исто време, тоа ќе ни помогне да откриеме дали луѓето се заштитени откако страдале од ковид -19 и ако е така, колку долго, објасни имунологот Хелен Мекшејн, раководител на истражување на Универзитетот Оксфорд.

Таа додаде дека истражувањето ќе им помогне на научниците да разберат каков вид на имунолошки одговор штити од повторна инфекција со вирусот.

Ројтерс истакнува дека научниците спроведувале слични студии со луѓе со децении за да дознаат повеќе за болестите како маларија, грип, тифус и колера и да развијат подобрени вакцини и третмани за овие болести.

Во првата фаза, на половина од волонтерите ќе им биде инјектирана најмалата доза на вакцина за корона вирус ппотребна за тој да се реплицира. Научниците очекуваат дека постапката ќе резултира со благи симптоми или тие ќе бидат целосно отсутни.

Во втората фаза, која ќе започне на лето, стандардната доза на вакцината ќе зарази други волонтери.

Во студијата учествуваат 64 здрави доброволци на возраст од 18 до 30 години, кои биле заразени со корона вирусот пред најмалку три месеци и сега ќе бидат повторно инфицирани со оригиналниот вид на вирусот SARS-CoV-2.

Потоа ќе минат најмалку 17 дена во карантин и под медицински надзор. Сите оние кои ќе развијат симптоми ќе бидат третирани со моноклонални антитела на Регенерон.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris