Тифани (41) ослабе за рекордно време: Еве зошто секоја од нас треба да ја држи нејзината диета!

22 јануари, 2021
240051_profimedia0569185892_ls

Актерката, позната по улогите во комедиите, овојпат реши да се воозбили.
Сè започна минатата година кога Тифани Хадиш (41), за роденден, застана на вагата и виде дека има 82 килограми. На нејзината висина од 1,67 см, тоа беше многу.

Потоа, актерката, позната по улогите во комедиите, реши да стане сериозна и да ја посвети 2020 година на слабеењето заради здравјето.

Еве што направи таа:

  1. Престана да пуши и реши да вежба

Кога престана да пуши, призна дека јаде многу повеќе. Но, таа реши да се ослободи од оваа навика, па отиде во теретана за да ослабе. Вежбаше секој ден: понекогаш 15 минути, а понекогаш и 2 часа.

“Танцував секој ден, најмалку 10 минути. Мислам дека тоа е многу важно. Калориите се губат и е многу забавно”, рече актерката.

  1. Таа си постави предизвик

За време од 30 дена, таа смислувала план за исхрана и вежбање. Од исхраната ги елиминираше слатките и тестото, а секој ден вежбаше кардио тренинг, пилатес, фитнес – сè што беше потребно. Таа само се движеше.

  1. Таа стануваше рано и вежбаше.

Ќе легнеше околу 21 часот и стануваше многу рано за да вежба. Беше тешко, но таа реши да истрае и успеа.

  1. Исхраната е сè

Тифани призна дека колку и да „се поти секој ден“, диетата е сè. “Јадам многу зеленчук, директно од градината. Се обидувам да јадам што повеќе зеленчук. Зедов вегетаријанско мени и започнав да готвам разни јадења од зеленчук за себе”, вели актерката.

  1. Вода, вода, вода

Веројатно ви здосади приказната за пиење големи количини вода, но тоа е реалноста: ако сакате да изгубите тежина, треба да пиете големи количини вода секој ден. Водата го забрзува метаболизмот. Водата промовира чистење на токсините од телото.