Дали би носеле вакви необични фризури?
Има еден фризерски салон во Мисисипи од кој буквално излегувате како сосема друга личност.
Магијата настанува во рацете на главната фризерка, и ако се препуштите на тоа и дозволите да направи уметничко дело од вашата глава, крајниот резултат ќе ве остави без зборови.
Од боја, преку форма и мотив, може да нацрта се што сакате.
Дали сакате да имате тигар на задниот дел од главата? Зошто да не.
Дали отсекогаш сте сонувале да се офарбате во бои на виножито, или претпочитате срца? Нема проблем.
И ако немате јасна слика за тоа како сакате да го декорирате вашето теме, не грижете се, таа ќе има.
Без сомнение, каде и да се појавите ќе бидете забележани.