Том Круз гладен за љубов! Еве зошто ја избра токму оваа актерка за потенцијална сопруга број четири!

12 јануари, 2021
CHINA BEIJING 'MISSION: IMPOSSIBLE 'C FALLOUT' PREMIERE

Наводно, Том Круз смета дека неговата девојка, за која во последно време многу се зборуваше, Хејли Атвел е клон на неговата поранешна сопруга Кети Холмс. Па така, National Enquirer тврди дека TОМ отсекогаш го привлекувале жени како Холмс затоа што е бринета со спортска градба, а откако поранешните сопружници се разведоа во 2012 година, Круз до денес едвај најде жена која наликува на неговата поранешна сопруга.

Круз започна да се забавува со Атвел на снимањето на новото издание на „Невозможна мисија“, а откако Круз сфати дека Атвел изгледа исто како Холмс, тој реши да ја брка. ‘Физички Кети беше дефиниција на Том за тотално совршенство – бринета со спортска градба. Тој секогаш велеше дека нивните разлики се исклучиво резултат на можен судир на личноста повеќе од што било друго “, изјави изворот за таблоидот. Инсајдерот сепак додаде дека Том нема намера да дискриминира жени кои имаат други физички карактеристики затоа што, на пример, русокоса жена со сини очи да има совршена личност, актерот нема да има проблем со неа. Но, се случи така што тој неодамна се сретна со Атвел и таа беше сè за што сонувал.