… најголемиот остров во езерото е Акдамар каде има ерменска црква која привлекува многу посетители. Според легендата, чудовиштето Ван Голу Канавари живее во езерото…
Турција не е само Истанбул, Памукале и Кападокија. Ова е земја која може да се гордее со своите многубројни природни убавини, а меѓу нив секако има многу езера…
1. Ван
Најголемото езеро во Турција се наоѓа на исток од земјата на 1600 метри надморска височина. Во него се влеваат 7 реки. Бидејќи е солено езеро, не замрзнува дури и во текот на зимата, така што бродскиот сообраќај е возможен во текот на целата година. Се граничи со густи шумски и вулкански врвови на планините Суфан и Немрут. Најголемиот остров во езерото е Акдамар каде има ерменска црква која привлекува многу посетители. Според легендата, чудовиштето Ван Голу Канавари живее во езерото.
2. Узун
Нема легенди поврзани со ова езеро, но им овозможува на посетителите целосен мир и тишина. Тоа е езеро со свежа вода во подножјето на планините Согани и исто така е опкружено со планински врвови и густи шуми кои се рефлектираат на неговата површина и изгледаат многу потсетувајќи на познатите швајцарски езера.
3. Бафало
Во југозападна Турција, ќе го најдете ова езеро кое некогаш било дел од Егејското Море пред да биде одвоено со седименти на реката Меандер. Езерото е солено и плитко, а неговата површина ги отсликува дивите маслинови дрвја што растат околу езерото. На јужната страна од езерото има неколку плажи и романтичниот град Капикири. Езерото и областа околу него се дел од националниот парк кој е особено популарен кај љубителите на птиците.
4. Туз
Ова езеро е второ по големина во Турција и се наоѓа во централна Анадолија. Најблискиот град е Коња и е познат како лулка на софистиката. Туз во превод значи солено езеро, во него се влеваат две реки, плитко е и често се суши во лето, оставајќи дебел слој сол на дното. Она што го прави славно низ целиот Свет е токму неговата боја, имено, езерото е розово!
5. Салда
Ова езеро е познато затоа што содржи лековити соли на хидромагнезит, што е одлично за разни кожни болести. Белите плажи и азурната боја го прават многу популарно најмногу кај локалните посетители. Тоа е исто така најдлабокото езеро во Турција. Интересно е и тоа што научниците од НАСА веруваат дека езерото е со ист состав како кратерот Езерото на Марс.