Постои дрво во најсоленото море на Светот, каде што флората и фауната се практично невозможни.
Мртвото Море е познато по тоа што не е можно да се одржи каква било форма на флора или фауна во него, туку дека таму преживуваат само некои видови микроорганизми.
Меѓутоа, недалеку од плажата во Ајн Бокек, израелско летувалиште во близина на Арад, се наоѓа остров од сол, кој покрај својата нереална природна форма на сол опкружен со тиркизна вода, е препознатлив и по дрвото кое расте таму.
Дрвото не пораснало тука, туку било засадено од локален уметник како дел од проект кој ги прикажува промените на Мртвото Море и неговото сушење поради климатските промени.
Секој втор ден, уметникот веслал на островот и додавал кал со минерали.
На тој начин, тој сакал да биде сигурен дека дрвото ќе ги добие сите хранливи материи потребни за да преживее во оваа исклучително тешка средина.
Во меѓувреме, дрвото стана вистинска туристичка атракција, па секој што се упатува кон Мртвото Море не ја пропушта можноста да се фотографира покрај него. Сепак, овој остров е тешко достапен, бидејќи се наоѓа на 300 метри од брегот, а единствениот начин да се стигне таму е пливање или веслање од плажата Нева Зохар, што воопшто не е лесно.