Нема да останете имуни на овој волшебен мирис и вкус што тестенините со сланина го носат со себе.
Состојки:
200 гр тестенини
200 гр сланина
кисела павлака за готвење
сирење
масло
Подготовка:
Ставете малку масло во тавата, ставете мали парчиња сланина да се пржат, а да истовремено го задржат сочниот вкус.
За тоа време, варете ги тестенините во вода во која има масло, малку оцет и сол пред да зоврие. Гответе ги до мекоста што ви е најубава.
Кога тестенините ќе се сварат, сето тоа додајте го во тавата, како и кремот за готвење и мешајте додека не се соединат состојките, па додадете го ренданото сирење. Оставете на оган додека не се растопи.
После тоа, ако сакате, можете да ја печете оваа паста во рерната.