Нејзините стајлинзи поставуваат нови модни трендови
Поранешната пејачка на познатата поп група „Спајс грлс“, а денес модна икона и успешна дизајнерка Викторија Бекам (47) никогаш не престанува да ја воодушевува публиката со своите стајлинзи и изглед.
Викторија се појави во Њујорк во делумно раскопчан бел комбинезон со широки ногавици и докажа дека помалку е секогаш повеќе.
Комбинацијата ја „зачини“ со црн појас со златна тока и големи црни очила кои беа полн погодок.
Искусна и свесна дека папараците ќе ја фотографираат, Викторија ја стави едната рака во џебот, а во другата држеше мобилен телефон за да изгледа како модерна деловна жена.
Познато е дека Бекам се грижи за нејзиното лице и дека ретко се шминка, па во согласност со нејзиниот став, се појави со минимална шминка.