Вистинскиот Хари Потер го продаде првото издание на „Хари Потер“ за големи пари

16 октомври, 2021
harry-potter-830x0

Првото издание на романот за Хари Потер, наречен „Harry Potter and the Philosopher’s Stone“, е продаден на аукција за 27.500 фунти, а го продаде самиот Хари Потер.

Книгата му ја подарил неговиот зачуден татко во 1997 година, кога ја купил сфаќајќи дека се работи за волшебник именуван по неговиот син.

Господин Хари Потер од Вотерлувил во Хемпшир имал само 8 години кога излегол првиот во серијата блокбастер романи на Џеј Кеј Роулинг.

Овој сега 33-годишник вели дека неговото семејство одлучило да ја продаде книгата во чест на неговиот татко Дејвид, кој починал од рак во 2017 година.

Неговата сестра Кејти Сајн вели дека се сеќава како татко им на работа го слушнал Теру Воган на Radio 2 како зборува за Хари Потер и веднаш се упатил кон локалната книжарница Bay Tree Bookshop за да ја купи книгата. „Се сеќавам дека тато влезе дома после работа мавтајќи со книга, велејќи: ‘Никогаш нема да веруваш во она што го имам!’“.

Таа додаде дека на почетокот биле збунети и се прашувале дали некој напишал книга за нејзиниот брат Хари.

„Љубопитноста нѐ натера да ја отвориме таа прва книга, но магијата на приказната нѐ одржа со години и години“, додаде таа.

Тврдата корица на книгата, една од само 500-те примероци во првото издание, вклучува голем број грешки, меѓу кои и зборот „стап“, кој се појавува двапати на страница 53, и „филозоф“ погрешно напишан на задната корица.

Книгата, која не во многу добра состојба, е продадена на анонимен Британец на аукција од аукциската куќа Hansons Auctioneers во Итвол, Дербишир. Аукционерот Чарлс Хансон рече дека продажбата била многу емотивна и магична.

Господин Потер рече дека, откако книгата беше објавена, тој поминал многу време убедувајќи ги луѓето дека неговото вистинско име е Хари Потер.

„Луѓето едноставно не ми веруваат. Кога бев млад фудбалер, судијата ми се закани со црвен картон бидејќи реков дека се викам Хари Потер“, вели тој.

Продолжи со зборовите дека неговата сегашна сопруга Филипа не верувала дека се вика така кога се запознале на одмор во Грција.

„Среќен сум што се продаде. Планираме парите да ги употребиме за пепелта на татко ми да ја однесеме во Кенија“, заврши Хари.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris