Булгур е суперхрана која сигурно ќе ја сакате доколку јадете просо и ориз. Тоа е здрава житарка која е богата со хранливи материи, добра е за варење, имунитет, надуеност …
Покрај сето тоа, булгурот е исто така ефтин, а пакување од 200 грама може да се купи за помалку од 100 денари.
Познатата Марта Стјуарт го откри својот начин на подготовка на булгур.
Состојки:
1 чаша среден мелен булгур
малку сол
вода
екстра девствено маслиново масло
Подготовка:
Измешајте булгур, една и пол чаши вода, сол и масло во тава.
Варете го булгурот, потоа покријте ја тавата и варете на тивок оган 12 минути.
Тргнете од оган, оставете го покриен 10 минути.
Промешајте со вилушка.
Не користете ситно мелен булгур за овој рецепт, бидејќи Марта истакнува дека не треба готвење, доволно е да се држи 10 минути во врела вода.