За да избегнете повреда, не правете неконтролирани движења
Додека водите љубов се случуваат незгоди.
Иако постојат безброј пози во кои можете да уживате и да пробате со партнерот, советот е да бидете внимателни.
Научниците од Бразил тврдат дека е најдобро да се придржувате до мисионерската поза доколку сакате безбеден секс.
Научниците спроведоа студија која ги анализира вистинските случаи на фрактури на пенисот во сексуални игри во текот на 13 години.
Тие заклучија дека само 21 процент од нив се случуваат во мисионерска поза, додека поза „горе“ или популарната „каубојка“ е одговорна за речиси половина од незгодите и повредите.
Зад неа на второто место е една од омилените пози на многу мажи, попозната како „кучешки стил“, во која се случиле дури 29 проценти од повредите на пенисот.
Истражувањето објавено во едно списание смета дека проблемот во каубојската поза е што жената лежи врз мажот со сета тежина, односно врши притисок врз неговата машкост, а насилното движење под погрешен агол лесно предизвикува фрактура на машкиот полов орган.
Од друга страна, во пози каде што мажот има контрола, тој има поголеми шанси да го прекине сексуалниот однос ако почувствува како „влегува“ по погрешен пат.
Сепак, дури и во позата на кучешки стил во која има контрола, прекумерната екстаза може да доведе до неконтролирани движења, а со тоа и повреди.