Пончо е идеално парче за преодниот рок.
Кога е премногу топло за подебели јакни и палта, а е премногу студено за тенки јакни, време е за пончо – парче што ќе биде во тренд и оваа есен.
Во согласност со тоновите што доминираат во постудените денови, оваа сезона ќе бидат во мода посветли и помеки бои, во омилената малку помодерна карирана шема.
Со пончо можете да направите целосен контраст, но исто така можете да го вклопите со секој ваш аутфит. Која опција и да ја изберете, нема да погрешите.
За материјалот важи само едно правило – што е можно помек и понежен, и што е можно потопол.
Исто така, ова парче може да се носи на неколку начини: со каиш или појас, може да се врзува, а исто така може слободно да се носи, да паѓа или само лежерно да се обгрне.
Еве неколку идеи како можете да носите пончо оваа есен.