ЗА ПОЈАДОК ПРОБАЈТЕ ГИ ОВИЕ ЦИМЕТ РОЛНИ СО БАНАНА

26 јануари, 2021
Cimet-rolice-Marie-Wasler-2

Може да се каже дека цимет ролните и леб од банана се едни од најпопуларните рецепти на Интернет, особено од минатата година кога имавме дополнително време да го поминеме во кујната. Ги сакаме и двете, па рековме зошто да не ги комбинираме?

Овие цимет ролни се меки, сочни, слатки – и најдобро од сè: сосема едноставни! Сигурни сме дека ќе ги обожавате.

СОСТОЈКИ:
Тесто:

1 кесичка квасец (7гр)
180 мл млеко од соја
50 гр шеќер
2 средни банани (приближно 225 g)
55 гр стопен путер
малку сол
545 гр брашно


Полнење:

мек путер (собна температура)
40 гр кафеав шеќер
2 лажички цимет
1 банана


Глазура:

170 гр шеќер
4 лажици растително млеко
1 лажица сок од лимон

ПОСТАПКА:


Прво активирајте го квасецот ставајќи шеќер и квасец во млакото млеко да се пени. Ова трае околу 10 минути. Во меѓувреме, пасирајте ги бананите. Додадете ги сите состојки на тестото во миксер со функцијата за мешање на тестото и измешајте додека не се изедначи и не стане меко, околу 5 минути.

Ставете го тестото во сад, покријте го со крпа и ставете го на топло место и оставете го да се крева еден час (или додека не се зголеми двојно волуменот). Кренатото тесто го развлекувате во правоаголна форма.

Прво намачкајте мек путер на тестото. Потоа измешајте ги шеќерот и циметот и распоредете ја оваа смеса преку тестото. На крај, распоредете ја исечканата банана врз филот.

Тестото превртете го и користете нож за тесто или машина за сечење ролни и ставете ги во подмачкан сад за печење. Кога сè е подредено, покријте ја тавата со крпа и оставете ги ролатите уште еднаш да се кренат додека рерната не се загрее до 180 степени.

Печете ги ролатите 25-30 минути, а потоа оставете ги да се оладат. Во меѓувреме, можете да направите глазура – само измешајте ги сите состојки во сад и рамномерно распоредете ги на ролатите.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris