Конечно: 47 – годишниот Леонардо ди Каприо ќе се оствари во улогата на татко!

2 февруари, 2021
BeFunky-collage

Од кога се стекна со светска слава со улогата во „Титаник“, 47-годишниот Леонардо ди Каприо, стана еден од најпосакуваните ергени во Светот – и сèуште е. Тој во текот на својата кариера смени голем број девојки, кои најчесто беа на возраст под триесет години и се занимаваа со моделинг, а исклучок не е ниту 23-годишната Камила Мороне, манекенката со која е во врска од Април 2018 година. Но, се чини дека наводно таа успеала во она што не го можеа нејзините претходнички. Таа на актерот ќе му ја додели најважната улога во животот, улогата на татко. Имено, постојат гласини дека Камила е бремена.

„Камила изгледа видливо позаоблено во пределот на струкот и зрачи со посебен сјај“, открива нивната пријателка која сакала да остане анонимна. „Мене ми изгледа како почетен, труднички стомак. Леонардо и таа постојано си сесмешкаат еден на друг,како да кријат некоја тајна “, додаде таа. Исто така нагласи дека постојат големи шанси актерот да ја запроси бремената девојка, бидејќи многу добро се согласуваат и покрај големата разлика во годините.

Сепак, нивната пријателка предупреди дека Леонардо е „супертаен“ кога станува збор за приватниот живот и затоа не треба да очекуваме тој да ги објави среќните вести на социјалните мрежи. Покрај тоа, тешко е да се каже од фотографиите дали Камила има труднички стомак,затоа што папараците не ги „фатиле“ заедновеќе подолговреме, а последната фотографија на Камила е направена во ноември минатата година. Но, наводно, актерот е пресреќен поради фактот дека ќе стане татко.

„Лео постигна сè што сакаше во животот кога е во прашање неговата кариера. За него е природно да ја исполни улогата на татко сега“, заклучил изворот.

Потсетуваме, врската на Леонардо со Камила е најдолга од сите врски што тој ги „издржал“ во изминатата деценија. На почетокот, двојката беше мета на критики, а многумина предвидоа дека наскоро ќе заврши врската помеѓуѕвездата и моделот. Времето покажа дека тие не биле во право.

„Постојат голем број врски со голема разлика во годините помеѓу партнерите, како во Холивуд, така и низ целиот Свет. Мислам дека сите имаме право на избор, а мојот избор е Леонардо“, изјави Камила и се пожали на третманот што го има од страна на медиумите.

„Ми пречи тоа што сите ме гледаат само како негова девојка. Неодамна се свртев кон актерството, па се надевам дека контроверзната конотација наскоро ќе згасне. Разбирам дека некои луѓе се фасцинирани од нашата врска, веројатно и јас би била љубопитна да сум на нивно место“, заклучи Камила во едно од интервјуата.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum