Џенифер Анистон ги изненади обожавателите со прекрасна топлес фотографија, неверојатно е како изгледа на 52 години!

24 април, 2021
jennifer-aniston-fb

Џенифер Анистон објави топлес фотографија на Инстаграм за Денот на планетата Земја.

Актерката Џенифер Анистон го прослави својот 52 роденден во февруари оваа година, но со својата нова фотографија на Инстаграм потврди дека возраста за неа е само бројка.

По повод Денот на планетата Земја, таа сподели прекрасна црно-бела фотографија на која позира топлес на плажа.

“Денешниот ден е само потсетување дека оваа прекрасна планета е единствената што ја имаме. Ве молам, потрудете се да ја заштитите”, напиша таа над фотографијата на која носи само здолниште и позира со грбот кон камерата. На фотографијата покажа и страничен дел од градите, но целото внимание го украде нејзиниот неверојатно тесен струк и мускулестиот грб.

Ѕвездата од серијалот „Пријатели“ за својата витка фигура во шестата деценија може да им се заблагодари на здравата исхрана и редовното вежбање, а призна дека со години користи додатоци на база на колаген од брендот „Витал протеини“, чиј е амбасадор и креативен директор од крајот на минатата година.

Анистон се соблече топлес во 2019 година за насловната страница на списанието Харперс Базар, а потоа откри како се чувствува подобро во своето тело со возраста.

“Мислам дека нашите тела се убави и треба да ги славиме и да се чувствуваме добро во нив, без оглед на нашата возраст. Не треба да се срамиме од нив”, рече таа тогаш.

Инаку, неодамна беше напишано дека Џенифер решила да стане мајка на 52 години и дека планира да посвои девојче од мексиканското сиропиталиште Каза Хогар Сион, што им се допадна на нејзините обожаватели, но таа брзо ги демантираше написите.

escort - Korsan taksi