Замокот на „Заспаната убавица“ се наоѓа на Баварските Алпи: Градба која ја инспирирала компанијата „Дизни“

popara1 април, 20214min0
kristin-44237101920-830x0

Не можете да ги изнагледате овие панорами, а замокот изгледа магично во текот на секоја сезона

Алпите отсекогаш биле познати по своите живописни предели, кои само ги прават замоците од бајките уште поубави.

Меѓутоа, меѓу нив се издвојува замокот Нојшванштајн, во Германија, бидејќи има многу малку други градби во светот што толку добро би се вклопиле во скоро секоја бајка за браќата Грим.

Не е ни чудо што најпознатото студио за цртани филмови Дизни беше инспирирано од шармот на тоа место. Домот на Пепелашка и Заспаната убавица е нацртан врз основа на овој замок, а исто така бил инспириран од познатото лого.

Прекрасно е во секоја сезона

Постојат места кои вреди да се посетат само во одредени сезони, бидејќи тие ќе овозможат најубав поглед во тој период. Сепак, ова не е типично за оваа дестинација.

За време на снежните месеци, замокот наликува на вистинска зимска бајка, а благодарение на бујните шуми што ја опкружуваат зградата, погледот е неверојатен од пролет до доцна есен.

Не случајно ова е една од најпопуларните атракции во Германија, која годишно ја посетуваат до милион и пол туристи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma