Актерката Меган Фокс на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која изгледа поинаку отколку што сме навикнати да ја гледаме. Таа ја носи својата нова платинесто сина нијанса на селфи, која дури влече на сребрено.
Фризурата што ја избра за ова селфи е – брановидна, која се витка на долниот дел од косата, но интересна е и нијансата на нејзиниот корен, кој е кафеав.
Со оваа фризура го најави филмот „Џони и Клајд“, во кој Фокс глуми сопственик на казино и шеф на криминална група.
„Вака изгледа ќерката на ѓаволот“, напиша Меган под фотографијата.