Заносно фино и брзо: Ова тесто е особено вкусно, совршен оброк за „од нога“ (РЕЦЕПТ)

2 јануари, 2021
Screenshot_1

Овие едноставни пици брзо се месат, лесни се за сервирање, а згора на тоа се и вкусни.

Состојки за тесто:

1кг брашно

2дл масло

3дл млеко

4дл вода

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 свеж квасец

Премаз:

1 путер или маргарин

3 жолчки

1 кисела павлака

400гр салама

Кечап и малку домати

Оригано

Кашкавал

Подготовка:

Ставете го квасецот во малку млако млеко со шеќер, направете вдлабнатина во брашното и додадете масло, квасец и сол, но солта да не дојде во непосреден контакт со квасецот!

Постепено додавајте млака вода и млеко. Замесете мазно тесто и поделете го на четири дела и оставете го да стаса околу половина час! Додека тестото се крева, подгответе го премазот со матење на омекнат путер и додавање на жолчки и павлака. Изрендајте ја саламата. Потоа расукајте го секое парче тесто со големина на плехот за во рерна! Обавезно ставете хартија за печење поросена со малку брашно. Премачкајте со една четвртина од премазот и посипете со четвртина од саламата. Завиткајте!

Завиткајте ги ролните во алуминиумска фолија и ставете ги во замрзнувач, оставете ги на собна температура околу еден час пред да ги испечете, ако видите дека може да се исече, исечете ги на 2 см. Розите премачкајте ги со кечап, домат и оригано и посипете ги со рендано сирење/кашкавал. Печете на 200 степени веднаш додека не поруменат!