Дали вашиот коефициент на интелигенција е доволно моќен за да најде решение за оваа Ајнштајнова загатка?
Загатката на Ајнштајн е логичен тест за кој само 2% од луѓето тврдат дека може да го решат. Именувана е по познатиот физичар Алберт Ајнштајн и гласи вака:
Пет куќи се обоени во 5 различни бои и во секоја куќа живее човек од друга националност. Тие 5 сопственици пијат одреден пијалок, свират на одреден инструмент и чуваат одредени миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалок. Ваша задача е да одговорите на прашањето: Кој има риба за домашно милениче? Има само едно решение. Секако, попатно треба да откриете кој живее во која куќа, која националност е, која пијачка ја пие и на кој инструмент свири…
Со среќа!
Информациите што ви се потребни за да ја решите задачата:
- Британецот живее во црвена куќа
- Швеѓанецот чува кучиња
- Данецот пие чај
- Зелената куќа е лево од белата куќа
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе
- Човекот кој свири виолина одгледува птици
- Сопственикот на жолтата куќа свири на клавир
- Сопственикот на средната куќа пие млеко
- Во првата куќа живее Норвежанецот
- Човекот кој свири на труба живее покрај тој што има мачиња
- Човек кој чува коњи живее покрај човекот кој свири клавир
- Сопственикот кој свири на хармоника пие пиво
- Германецот свири на гитара
- Норвежанецот живее до сина куќа
- Човекот кој свири на труба има сосед кој пие вода
Знаеме, сега ви треба малку време… Не брзајте.
Значи, прашањето е: Кој има риби?
Ова е решението на загатката на Ајнштајн:
Германецот има риби. Германецот живее во зелена куќа, свири гитара и пие кафе.
Ако тоа е решението до кое дојдовте, честитки, вие припаѓате на надарената група генијалци!