Дали сте знаеле дека МАГНЕТИТЕ на фрижидерите можат да бидат исклучително опасни? Еве и ЗОШТО!

popara16 декември, 20221min00
826ed96e06f84ef63df63beeca6271531296bc2b

Магнетите на многумина им се омилени сувенири од патувања

Кога гледаме украсни магнети со шарени бои, со натписи на градови, тие секогаш не потсетуваат на некое убаво патување.

Но, дали магнетот може да предизвика дефект на уредот, или да има негативно влијание врз здравјето на луѓето? Рускиот професор по физика и наука, Јуриј Михајловски, откри на кои работи треба да внимавате кога собирате магнети. Магнетите се главно безопасни, но се зависи од нивната сила, објаснува тој. Ако уредот почне да не функционира, се поставува прашањето дали магнетите се можна причина.

„Ако зборуваме за конвенционални магнети за фрижидери, тие се направени од ферит што создава прилично слабо магнетно поле. Сепак, сега можете да купите и други видови магнети, кои се направени од неодимиум, железо и бор, и кои се доволно силни за да влијаат на уредот. Во овие случаи подобро е да се користат феритни магнети“, открива Михајловски и додава:

„Исто така, ако поради некоја причина има нешто во нашето тело на кое магнетот може да влијае, а тоа најмногу се однесува на луѓе со вграден пејсмејкер, не треба да се приближуваме до магнетите, бидејќи механички тоа може да предизвика привлекување или одбивање, што не е баш добро“, вели научникот.

Меѓутоа, магнетното поле многу брзо се намалува со растојанието. На растојание од 10 сантиметри нема да има интеракција, заклучува тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma