Нејзини главни адути биле интелигенцијата и самодовербата
Египетската кралица Клеопатра VII Теа Филопатор зрачела со својата енергија и убавина и била жена каква ретко се гледа.
Таа била некој кој знаел што сака во секое време и го добивала тоа.
Нашироко се верува дека Клеопатра била една од најголемите убавици во историјата на светот.
Вистина е дека оваа позната кралица, иако била заводничка, физички не се разликувала многу од своите слугинки и дека нејзиниот опис не одговарал на стандардите за убавина на нејзините современици.
Таа била жена со тесно чело, ковчесто лице, остра брада и многу изразен нос, но секако била фатална и извонредна. Таа наводно била женствена и маѓепсувала на секој чекор со нејзиниот мирис и благодарение на негата на кожата за која многу се грижела, била многу младолика и привлечна.
Што правела Клеопатра поинаку?
Според изворите, таа користела техники за нега кои биле толку прогресивни што се користат и денес, а ова се само некои од нив.
Кајал
Шминката им била многу важна на Египќаните, а тие се сметаат за пронаоѓачи на ајлајнерот. Клеопатра користела кајал со кој ги истакнувала очите, а ја штител и од сонце и од инфекции.
Маски за лице
Египетската кралица наводно користела маски за лице на база на млеко и мед, благодарение на што постигнувала длабока хидратација на кожата.
Капење во млеко
Можеби најинтересниот и најпознат детал за тајните на убавината на познатата Клеопатра е оној за капењето во млеко. Млечните киселини денес се надалеку познати по тоа што се одличен пилинг и ефикасен за подмладување, па има многу производи на база на нив.
Масла
Египќаните обилно ги користеле сите достапни масла, а нивната кралица го користела маслото од сусам, што сега го препорачуваат медицината и традиционалните техники ширум светот. Благодарение на нив ја спречувала појавата на брчки и го одржувала младешкиот изглед.
К’на
Денес, к’ната обично има декоративна и церемонијална улога во источните култури, а некогаш била популарна како лак за нокти. Клеопатра со неа правела маникир, а во меѓувреме е утврдено дека делува и како заштита на ноктната плоча.