Направете пијалок за детоксикација
Пролетта е омилена сезона за многумина. Тогаш се се буди, вклучително и нашето тело.Повеќето луѓе штом ќе видат сонце и зеленило добиваат дополнителна енергија, сила и волја.
И покрај пролетниот замор, имате желба да се движите и да направите нешто со вашето тело, а пред се да се ослободите од сите токсини и наслаги на силна храна. Детоксикацијата или чистењето на телото позитивно влијае на целокупното здравје, му помага на организмот да ја врати природната рамнотежа, ја зголемува енергијата и го подобрува здравјето.
Целта на детоксикацијата е да се исчисти телото од страни материи и насобран отпад, така што телесните функции ќе го достигнат врвот. За тоа е пресудно здравјето на цревата. Дури кога ќе се исчистат цревата, доаѓа до чистење на организмот.
Состојки за 1 литар
2 лимони
корен од свеж ѓумбир со големина од 2 cm
1 краставица
Околу 10 листови свежо нане
1 литар вода
Подготовка:
Излупете го и исечете го на коцки ѓумбирот и ставете го во бокал или тегла. Исечете го лимонот на прстени, а краставицата исечете ја ситно на ленти. Сè прелијте со ладна вода, ставете свежи листови нане и оставете ги во фрижидер најмалку еден час. Пијалокот за детоксикација би требало да го пиете во текот на целиот ден.