Годинава излозите ќе бидат украсени со палта, патики, кошули, здолништа, фустани, сите во мотиви на зебра, тигар, леопард, змија …
Кога станува збор за животинскиот принт, има луѓе кои секогаш со задоволство го носат, но има и такви кои не се обожаватели бидејќи сметаат дека овој тренд одамна е надминат и дека треба да се остави простор за нови дизајни и мотиви.
Ако спаѓате во групата на луѓе кои не се ентузијасти за овој тренд, можеби сепак треба да му дадете шанса, бидејќи модните експерти, креатори и дизајнери го подигнаа овој дизајн на повисоко ниво.
- Комбинирање принтови
- Леопард фустан
- Детали во животински принт
- Панталони со животински принт