Кејт Мидлтон не престанува да воодушевува со своите беспрекорни стајлинзи. Овој пат, војвотката од Кембриџ облече зелен фустан за да им ја врачи наградата на кралицата Елизабета Втора на најдобрите британски дизајнери во Кенсингтон, западен Лондон.
Кејт како и секогаш остана доследна на својот класичен стил, но внимателно ја бираше бојата на фустанот и модните детали, па навистина изгледаше фантастично.
Лелеавиот фустан е креација на популарната дизајнерка Еделаин Ли, а цената на ова парче облека со зелена смарагдна боја е 785 фунти.
Фустанот до колена одлично ја истакна витката фигура на Кејт, а ременот со златно копче даде посебна нота на целокупниот стајлинг.
Темнозелени влошки од превртена кожа, писмо-чанта во иста нијанса и златни обетки се доказ дека Кејт се грижи за секој детал.